Од ноќеска поскап дизел на бензиските

Втора одлука неделава за цените на горивата

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги излезе со нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати, која е втора одлука за оваа недела. Според РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,520 ден/кг.