Уапсен Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател

Црногорската полиција го уапси Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, откако вчера беше претресен неговиот имот во населбата Растоци во близина на Никшиќ и во Подгорица.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Јутјуб/Vijesti Online

Црногорската полиција го уапси Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, откако вчера беше претресен неговиот имот во населбата Растоци во близина на Никшиќ и во Подгорица.

Се чека официјално соопштение од Полициската управа, но порталот RTCG потврди дека Ѓукановиќ е уапсен.

Полицијата претходно ја опколи зградата во центарот на Подгорица каде што живее Ацо Ѓукановиќ.

Претресот заврши синоќа околу 19 часот. Зградата на улицата Вука Караџиќа, во која се наоѓаат и канцелариите на Прва банка, во која Ѓукановиќ е мнозински сопственик, беше под интензивен надзор.

Операцијата беше спроведена по наредба на Основното државно обвинителство во Подгорица.