Не верувам дека враќањето на Груби би било некаков потрес ниту пак ќе предизвика раскол во ДУИ, добро е тоа што Арган Груби се јави во судот и обвинителството, изјави Арбен Таравари од Алијанса на албанците во вчерашната емисија „Трилинг“ на Телевизија 24.
„Се надевам дека ќе има транспарентен и правичен судски процес, секој којшто згрешил пред законот, ако евентуално згрешил, треба да одговара и тоа е, точка.“, изјави Таравари
Тој истакна дека не очекува некакви спектакли од судскиот процес на Артан Груби, додавајќи дека лошо е кога луѓето бегаат од правдата и добро е кога ќе излезат пред неа и дека можеби ќе ќе излезе дека Артан Груби е невин.