Величковски: Македонија е во третиот круг на достап на балистичките ракети кои што Иран сакаат да ги произведат и стават во функција

„Станува збор за интервенција која треба да го спречи развојот на нуклеарна програма од страна на еден теократки режим, заканувајќи се на светот“, рече претседателот на Движењето Нова Република

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Претседателот на Движењето Нова Република, Ивон Величковски смета дека е битно што повеќето поголеми политички фактори во Македонија имаат усогласен став за настаните на Блискиот Исток. Според Величковски, во изминатите неколку денови гледаме дека станува збор за „интервенција која треба да го спречи развојот на нуклеарна програма од страна на еден теократки режим, заканувајќи се на светот“.

Величковски во „Тема на денот“ изјави дека Македонија е во третиот круг на достап на балистичките ракети кои што Иран сакаат да ги произведат и стават во функција.

-Опасноста беше и е постојана се додека постои авторитарен режим кој што всушност одеше на рушење на меѓународниот поредок. Поддршката на авторитарните режими оди меѓусебно и таа оска која ја видовме по прашањето за Венецуела, ја видовме и сега по реакциите на сојузниците на Иран. Да се потсетиме дека тој режим ги финансисираше и произведуваше дроновите кои што ја напаѓааат Украина со рускара инвазија. Затоа мораме да разбереме дека нашата принципиелна позиција е не само кон сојузниците туку и кон сопствените граѓани, кажа, меѓу другото, претседателот на Движењето Нова Република.