15-годишник обвинет дека обљубил малолетничка

Ужас во Делчево - договорена средба се претворила во кошмар

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.

За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.