Левица поднесе кривична против поранешната антикорупционерка Ристовска

-Компаниите кои не ги пријавила поранешната антикорупционерка добиле 2 милиони денари од касата на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери, соопштија од опозициската партија

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот казниво по член 359-а од Кривичниот законик. Имено, како што велат од партијата, Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на членовите на семејството – иако била должна, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство.

-Јасно е дека се работи за свесно и намерно прикривање на имот, ако се има предвид фактот дека компаниите кои не ги пријавила Ристовска добиле 2 милиони денари од касата на ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери.

Оваа теза дополнително ја потврдува фактот што поранешната антикорупционерка го пријавува останатиот имот на своите деца во анкетниот лист, но свесно и намерно, ја ИЗОСТАВУВА фирмата која постои уште од 2020 година, наведуваат од опозициската партија.

Левица потенцира дека Ристовска стана симбол на корупција во институцијата која треба да се бори против високата корупција.

-Таа беше директна инсталација на владејачката партија, која амнестираше два високи функционери од партијата на власт – Бојан Христовски и Ивица Томовски.

Само оставка од позицијата антикорупционер не е доволна. За свесното прикривање имот одговорност за Цвета Ристовска мора да има. Ревизија на сите предмети кои ги работела компромитираната антикорупционерка мора да има за да се стави крај на штитењето на корупцијата на највисоките ешалони на власта, стои во партиското соопштение.