Трагедија во Карпош: Мајка и дете загинаа по пад од балкон

Екипи на Брза помош и полицијата веднаш биле упатени на местото на настанот каде се врши увид

од Nikola Popovski
159 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 Тв

Голема трагедија попладнево во скопската населба Карпош. Жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубиле животот по пад од станбена зграда, во близина на просторот кај поранешната фабрика „Алумина“.

Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај двете лица.

Екипи на Брза помош и полицијата веднаш биле упатени на местото на настанот, каде се врши увид и се утврдуваат околностите под кои се случила трагедијата.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.