Претседателот на едното од неколку крила на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари синоќа зборувал за новата партиска фракција формирана од вицепремиерот Арбен Фетаи, порачувајќи дека „нема многу Алијанси“ туку само дел од директорите на Алијансата кои останале во ВЛЕН.
„Тие се ВЛЕН. Села има право да каже бидејќи бил поранешен претседател на партијата, ја водеше партијата некое време, а поделбата меѓу Алијансите постоела. Таму може да има и спор. Ова се акционерско друштво, кои се во ВЛЕН. Ништо повеќе. Не може да има многу Алијанси. Ако велите фракции, можете да кажете фракција на Таравари и фракција на Села. Овие другите се дел од ВЛЕН, тие се не се различни едни од други“, изјавил Таравари за медиумите на албански јазик во земјава.
Тој јавно им се извинил на граѓаните од албанска националност за ветувањето дадено во 2024 година за промени.
„Им ветивме на граѓаните Албанци во Македонија во 2024 година дека ќе донесеме промени. Ако ова е промената што ја ветивме во текот на овие 20 месеци од владата на ВЛЕН, тогаш јавно сакам да им се извинам на сите Албанци затоа што ги разочаравме, затоа што тоа не беше промена туку едноставно големо разочарување, што значи дискредитација, голема деградација на целокупниот статус на Албанците во Македонија“, порачал Таравари.