Петровска за починатите Ивана и Катја: Убијци се инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи

„Вчерашниот настан не е самоубиство, тоа е убиство. А убијци се со име и презиме инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи кои требале да го прашаат шефот, чекале да се јави некој дали жената е наша, чија е, кои наместо одговори и заштита давале изговори“, вели пратеничката за трагедијата во Тафталиџе

од Nikola Popovski
75 прегледи Фото: Фејсбук

Eдно лице е задржано во полициската станица по трагичниот настан во Карпош кога мајката Ивана и осумгодишната Катја починаа при пад од зграда. Се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопштија од Обвинителството. Се врши детален претрес на станот и распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија. Вчера беше наредена и обдукција на починатите.

Настанот предизвика големии реакции во јавноста. Се огласија голем број граѓани, но и екс-функционери. Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, како и речиси сите граѓани, бара одговорност за трагедијата.

„Се додека велиме системот е виновен, ситемот убива, да го промениме системот, се дотогаш ќе имаме нови “Кочани”, нови “Фросина на Партизанска”, нови “ Мајка и ќерка убиенти” нови “Росица од Велес” нови “Жртвите од Куманово”. Надлежните имаат име и презиме, а тоа име и презиме има одговорност. За моралната не сакам да зборувам, но за кривичната има институции во кои има име и презиме кој е задолжен за што“, објави Петровска.

Според неа, одговорноста има име и презиме.

„Вчерашниот настан не е самоубиство, тоа е убиство. А убијци се со име и презиме инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи кои требале да го прашаат шефот, чекале да се јави некој дали жената е наша, чија е, кои наместо одговори и заштита давале изговори. Вашите изговори и кревање раменици го убија малото девојче. Убија многумина млади деца, мајки, жени“, додава пратеничката на СДСМ во својата објава на социјалните мрежи.