Меџити смета дека Фетаи треба да остане дел од Владата: „Добро си ја врши работата“

За две недели нема да биде важно кој од каде дошол – сите ќе бидеме ВЛЕН, порача градоначалникот на Чаир

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити го коментирал наводниот раскол во Алијансата за Албанците. На прашањето кој сега ја претставува АА во ВЛЕН, односно дали партијата ја претставува Азир Алиу или Арбен Фетаи, Меџити рекол дека е важно што ѝ двете крила донеле одлука да се спојат во ВЛЕН како политички субјект.

„Тоа е внатрешно прашање на АА, но мислам дека најважното прашање е ВЛЕН, бидејќи АА, ДД, Беса, Алтернатива ќе останат уште една или две недели. По спојувањето, по формирањето на ВЛЕН, најважен е ВЛЕН. Не е важно кој ќе биде претставник на ДД, АА и другите уште една или две недели. Мислам дека и двете се ВЛЕН. И двете донеле одлука да се спојат во ВЛЕН. Важно е тие да завршат во ВЛЕН, исто како што завршивме ние таму“, рекол Меџити.

На прашањето дали Фетаи ќе остане вицепремиер и министер за добро владеење во случај на реконструкција на владата, Меџити порачал дека тој лично смета дека треба да продолжи со својата работа.

„Ако мене ме прашувате, тој добро си ја заврши работата, има добри перформанси и за мене, мислам дека треба да остане“, кажал градоначалникот.