Поради нерасчистен долг му влегол дома и му ги земал телевизорот и клучевите од куќата

Жител на Делчево поради должничко-доверителски односи упаднал во туѓ дом

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 03.03.2026 во 16:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево.

Според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко – доверителски односи агресивно се однесувал агресивно кон неговата невенчана 35 – годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.