Евроамбасадорот Рокас изненаден од улична светилка во Скопје која ѝ пркоси на гравитацијата

„Многу работа за општинските власти…“, стои во објавата на амбасадорот на ЕУ во земјава

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: X/ Michalis Rokas

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас бил пријатно изненаден од улична светилка, поставена во центарот на Скопје, за која вели дека изгледа како да ѝ пркоси на гравитацијата. Рокас на социјалната мрежа „Икс“ објави две фотографии од центарот на Скопје, во непосредна близина на зградата на Министерството за финансии и главните партиски простории на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прошетка низ Скопје во близина на Министерството за финансии. Столб за улично осветлување што ѝ пркоси на гравитацијата! Многу работа за општинските власти…“, стои во објавата на Рокас.

Рокас ја презеде функција во септември 2024 година и дојде на местото на неговиот претходник Дејвид Гир. Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.