ДОЛГОВИ НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Уште една „загубарска“ година – општинските ЈП должат над 108.000.000 евра!

Во првите десет „најзадолжени“, на лидерската прва позиција со долг од близу 80 400 000 евра е ЈП „МЖ - Инфраструктура“

од Nikola Popovski
39 прегледи

Само ЈП „МЖ- Инфраструктура“ должи над 80 400 000 евра, Водовод и канализација – Скопје повеќе од 18 000 000 евра. Од општинските ЈП, најзадолжен е кумановски „Комуналец“ со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 12 000 000 евра. Јавните претпријатија „потонати“ во долгови. Според најновите податоци на Министерството за финансии, на крајот од 2025 година, само долгот на општинските јавни претпријатија надминал 108 000 000 евра.

„Тонат“ во долгови што се бројат во десетици милиони евра

Милински долгови прикажаа јавните претпријатија формирани од општините и од централната власт. 2025 година, според податоците од Министерството за финансии беше уште една “загубарска“ година за овој дел од јавниот сектор кој апсорбира илајдници вработувања, треба да дава кавлитетни услуги за граѓаните а тоне во долгови што се бројат во стотици милиони евра.

На крајот од 2025 та долгот на јавните претпријатија формирани и менаџирани од општините достигна 108 023 000 евра додека доспеаните а неплатени обврски на jавни претријатија и трговски друштва во државна сопственост изнесувал скоро 270 000 000 евра. На тромесечно ниво, во однос на состојбата во третиот квартал од 2025 та, долгот на општинските Јавни претпријатија е незначително намален додека долгот на ЈП формирани од државата и на државните фирми е зголемен.

Од ЈП за комунални, транспортни и други услуги, во првите десет „најзадолжени“ на лидерската прва позиција со долг од близу 80 400 000 евра е ЈП “МЖ – ИНФРАСТРУКТУРА“.

На високото 6-то место е ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ со доспеан а неплатен долг во висина од фантастични 18 300 000 евра.  Оваа сума е намалена во однос на третиот квартал од  2025 та, но и понатаму ова комунално претпријатие е лидер по долговите. По висината на неплатените обврски, со должнички износ од 11 718 000 евра е ЈП „Водовод Куманово“ со Ц.О. Куманово а на четврто во групата најзадолжени ЈП е Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, односно ЈСП со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 10 000 000 евра.  Со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 6 300 000 евра,  високо котира ЈП  струмички “Комуналец “ а блиску до него,  со долг од речиси 6 000 000 евра е ЈКП Тетово. Скопска ЈП Комунална Хигиена пак на крајот од 2025 та пријавила доспеани а неплатени обврски 5 766 200 евра. Во оваа група на ЈП со милионски долгови е и ЈП Водовод Охрид со неплатени обврски во износ од 5 675 350 евра.

Поголеми комунални ЈП:

-ЈП Водовод и канализација – Скопје              18 300 000 евра

-ЈСП  Скопје                                                             10 000 000 евра

-ЈП Комунална Хигиена – Скопје                       5 766 200 евра

-ЈП Улици и патишта                                              4 650 000 евра

-ЈП Паркови и зеленило                                        4 344 000 евра

Од поголемите јавни претпријатија, ЈП Улици и патишта, ланската година ја завршиле со доспеан а неплатен долг во износ од 4 650 000 евра а ЈП Паркови и зеленило  пак пријавиле 4 344 000 евра. На крајот од 2025 година, само долгот на општинските јавни претпријатија надминал 108 000 000 евра.

Д.А.