Мицкоски за конфликтот на Блискиот Исток: Можеби ќе имаме одредени економски предизвици

Премиерот вели дека разгледува со Министерството за финансии да има намалувања во делот на акцизата и даноците

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Влада

Безбедносна состојба е стабилна, но можеби, со тек на време, ќе имаме одредени економски предизвици поради притисок врз цената на нафтата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски од настан на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип, запрашан за случувањата на Блискиот Исток и гранатирањето на дел од земјите од Заливот.

Мицкоски вели дека разгледува со Министерството за финансии да има намалувања во делот на акцизата и даноците, со цел да се види кои се нашите можности за да намали ударот врз стандардот на граѓаните.

За сега нема одлука за прогласување на кризна состојба. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска рече ситуацијата се следи и ако државата побара прогласување кризна состојба, ќе се разгледува на Влада.

Државните нафтени резерви се стабилни, обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Агенцијата за задолжителни резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето“, велат од ресорот на министерката Сања Божиновска.

Слични содржини