Во Македонија има над 91 илјада невработени

Бројот на невработени во 2025 е намален за 6.6 % во споредба со 2024, објавија од ДЗС

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телевизија Стар - Штип

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6.6 % во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 61.4 %, а жени 38.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1.5 % споредено со 2024 година. Од вкупниот број вработени, 57.6% се мажи, а 42.4 % се жени.

Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 94 847, што е за 11.5 % повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48.5 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.

Годишни податоци за 2025 година:

-Активно население: 796 399 лица

-Вработени: 704 617 лица

-Невработени: 91 782 лица

-Стапка на активност: 52.5

-Стапка на вработеност: 46.4

Стапка на невработеност: 11.5

Со Законот за работно ангажирање на лица, кој почна да се применува од 1 јануари годинава, Владата очекува формализација на најмалку 18 000 сезонски работници во земјоделството и непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.