Лажен полицаец дивеел низ Штип – украл возило и куче и предизвикал сообраќајка

Уапсен 46-годишник од Штип: Лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Вчера (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на ул. „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип.

Околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште на подрачјето на Штип, тој од М.А. од Штип одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, откако го сопрел претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото, по што се упатил кон населбата Ново Село.

Притоа, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која се движела со куче и насилно и го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, возилото било лоцирано, а лицето лишено од слобода. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Во текот на ноќта, истото лице било пријавено и во уште два настани – поради расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на ул. „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.