Ужас во Центар: Наставник барал да има полови односи со ученичка

Лишен од слобода наставник во Скопје кој вознемирувал ученичка

од Nikola Popovski
63 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/ТВ Сител

На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.