Зеленски: Конфликтот на Блискиот Исток наскоро би можел да ескалира во светска војна

Тој додаде дека Русија порано или подоцна би можела да испрати свои војници да му помогнат на Иран

од Кристијан Димков
22 прегледи Фото: Телеграм/Принтскрин/Профил на Владимир Зеленски

Доколку конфликтот на Блискиот Исток не се запре наскоро, тој би можел да ескалира во светска војна, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ако некој наскоро не ја запре војната на Блискиот Исток, таа би можела да трае многу долго и да се претвори во светска војна“, изјави Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој оцени дека светот е многу блиску до нова светска војна.

„Многу сме блиску. Не гледам како операцијата во Иран може да биде брза. Гледам поглобални предизвици. Ако војната не се запре до есен, таа ќе трае долго“, изјави Зеленски, објавува Танјуг.

Украинскиот претседател додаде дека Русија порано или подоцна би можела да испрати свои војници да му помогнат на Иран.

„Технички, светот не е подготвен за ова. Европа не е подготвена, освен поединечни држави. Германците се многу брзи, но тоа не е доволно. Нема доволно време да се подготвиме за вакви предизвици оваа година“, заклучи Зеленски.