Фон дер Лајен: ЕУ би направила историска грешка ако се врати на руските фосилни горива поради војната на Блискиот Исток

Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ подготвува мерки за намалување на цените на енергенсите

од Кристијан Димков
23 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Европска Комисија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија би направила историска грешка ако се врати на користење на руските фосилни горива поради зголемувањето на цените на енергијата.

Во сегашната криза, некои тврдат дека треба да ја напуштиме нашата долгорочна стратегија, па дури и да се вратиме на руските фосилни горива, изјави Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент, со пораката: „Тоа би била стратешка грешка“.

Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ подготвува мерки за намалување на цените на енергенсите, како што се подобро користење на договорите за купување енергија, мерки за државна помош, субвенционирани цени на горивата или нивно ограничување, објави Ројтерс.