„ЕУ е глутница домашни мачки, секоја ќе си оди по својот пат, тие не се волци“, изјави Милановиќ пред новинарите на Загребскиот саем, наведувајќи го како пример германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој, како што изјави, „само се насмевна додека Трамп ја критикуваше Шпанија“.
„Хрватска е држава, нејзиниот историски идентитет не ѝ дозволува да води заедничка надворешна политика со Естонија и Португалија, тоа е надвор од разумот. Урсула фон дер Лајен е чиновник, за мене таа нема никаков авторитет. Се промени безбедносната ситуација и приграбувањето на моќта“, изјави Милановиќ.
Во врска со поканата од израелскиот амбасадор Гари Корен за разговор во Пантовчак, Милановиќ рече дека можел да не одговори и дека неговите соработници кажале сè во врска со тоа.
„Не сакаме странски инфекции и бактерии во Хрватска, ниту ирански ниту израелски. Господата нека се однесуваат соодветно, ако не сакаат, тоа значи дека владата ги толерира. Тој функционер од Тел Авив или од каде било, рече дека тоа (Иранската амбасада) е терористичко дувло во средината на Загреб. Ајде да ги избркаме, не ни треба израелски амбасадор, ционист, не ми треба тоа. Ако е тоа така? Дали е така?“, праша Милановиќ и продолжи:
„Немаме никакви посебни односи (со Иран). Тоа е земја-членка на ОН која е нападната без мандат на ОН. Таков начин на јавно вознемирување – дека има некои ирански терористи, нека ја остават својата нечистотија и валканица таму од каде што дојдоа. Иран не дејствува терористички во Европа, барем колку што знам јас.“