(Фото+видео) Дакота Џонсон пожешка и од „50 нијанси сиво“, во најсекси издание за „Келвин Клајн“

од Весна Трајкова
12 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерката Дакота Џонсон, ѕвездата од филмската серија „50 нијанси сиво“, е заштитно лице на новата кампања на брендот „Келвин Клајн“ за долна облека.

Бидејќи обожава „голи изданија“ и најчесто се гледа во такви на јавни настани, згодната Дакота Џонсон го споила убавото со корисното. За да го промовира новиот модел на фармерки од познатиот моден бренд, таа позирала речиси гола, во опуштена атмосфера во куќа во Калифорнија.

„Беше многу опуштено. Свиреше одлична музика, многу се шегувавме, најчесто шетав гола, а многу луѓе избегнуваа контакт со очи со мене“, рекла таа во интервјуто за „Харперс базар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

Таа позирала во градник и танга, но и топлес, во комбинација со два модели на фармерки; еден тесен и еден популарен широк модел, а широките фармерки се исто така нејзино омилено парче облека приватно.

– Ги обожавам широките фармерки, бидејќи ја носат целата комбинација, а овие се совршени – широки, лежерни, за комбинирање со некој елегантен топ – рекла Дакота, која признава дека и дома најчесто е само во долна облека, како и дека нејзин омилен модал на гаќо се тангите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

– Долната облека на „Келвин Клајн“ што навистина ми се допаѓа во моментов се боксерките, бидејќи спијам во нив, а потоа наутро можам да шетам низ куќата и да извршувам работи во нив… Кога ќе се вратам дома ги соблекувам панталоните, особено ако е жешко, па секогаш сум дома во долна облека, таква сум – била искрена Дакота.

– Најчесто носам танги. Јас сум тој тип. Исто така, овие производи на „Келвин Клајн“… Како да не носиш ништо, прекрасно е чувството – коментирала актерката за новата колекција на прочуениот моден бренд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)