Во интервју за Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп коментираше за тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин му обезбедува на Иран локации на американски војници на Блискиот Исток. Трамп процени дека ова е можно и го поврза таквиот потег со американската помош за Украина.
Кога водителот Брајан Килмид го праша дали Путин му помага на Иран, Трамп одговори: „Мислам дека можеби малку им помагаат, да, претпоставувам.“
Тој веднаш ја објасни својата претпоставка со контрапрашање: „А веројатно мисли на тоа дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“
Кога водителот забележа дека САД навистина ѝ помагаат на Украина, Трамп продолжи: „Да, ние им помагаме… и така тој го гледа тоа. Знаете, Кина би го кажала истото. Тоа е како: „Еј, тие го прават тоа, значи ние го правиме ова, да бидеме фер“.
Трамп, исто така, изјави дека САД ќе ги следат бродовите во Ормутскиот теснец „доколку е потребно“.
„Ќе го направиме тоа доколку е потребно. Но, знаете, се надеваме дека работите ќе одат добро. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој, додавајќи дека САД ќе го нападнат Иран „многу силно во текот на следната недела“.