За време на периодот на пости, многумина се прашуваат како да ја направат трпезата разновидна и интересна. Добрата вест е дека посната кујна нуди многу можности, особено кога во рецептите се користат квалитетни состојки што лесно се комбинираат во различни оброци.
Растителните напитоци Имлек Оаза од овес и бадем се практична опција за оние што постат или едноставно се стремат кон веганска исхрана во своето секојдневие.
Во продолжение издвојуваме неколку едноставни идеи за рецепти во кои напитоците од бадем и овес Имлек Оаза лесно може да се вклопат и во солени и во благи варијанти.
Кремаста супа од печурки или тиква
Пропржете кромид со печурки или тиква, додајте компир за густина и оставете да се вари. Кога зеленчукот ќе омекне, изблендирајте ја супата и на крај додадете малку Имлек Оаза Овес. Така супата добива нежна, кремаста текстура и побогат вкус.
Посен бешамел за тестенини или зеленчук
Дури и класичните сосови можат лесно да се подготват во посна верзија. На маслиново масло кратко запечете брашно, а потоа постепено додавајте Имлек Оаза Овес, мешајќи додека сосот не стане густ и мазен. Зачинете со сол, бибер и малку морско оревче. Овој сос може да се користи како основа за посна лазања, мусака или како кремаст додаток за тестенини.
Попладневна пауза со нешто благо
Во текот на денот, напитоците од бадем и овес можат да бидат основа и за брзи десерти или освежителни напитoци.
Смути со банана и урми
Во блендер измешајте банана, неколку урми и чаша Имлек Оаза Чоко Бадем. По желба додајте малку цимет. Овој напиток е лесен, кремаст и може да биде совршена попладневна ужина.
Овие рецепти се доказ дека со малку креативност, посната кујна може да биде разновидна и богата со вкусови.