Џенифер Лопез имала мал паничен момент за време на нејзиниот настап во Лас Вегас, додека го изведувала легендарниот хит од 2011 година, „On The Floor“.
Пејачката се сопнала за време жешкиот танц на сцената, но 56-годишната ѕвезда реагирала со брзина на молња: ѝ се насмевнала на публиката и го продолжила шоуто како ништо да не се случило, потврдувајќи зошто таа е сè уште кралица на сцената.
Несреќата се случила на сцената на „Колосеумот“ во рамките на „Цезарс Палас“, додека Џенифер танцувала и пеела. Во еден момент ја изгубила рамнотежата, но успеала да остане на нозе и да го продолжи настапот без грешка. Публиката го снимила овој момент, а снимката набрзо станала хит на социјалните мрежи.
@enewsJennifer Lopez almost ended up on the floor. She recovered like a champ after tripping on stage during her residency in Las Vegas. (📷: JPASC24)♬ original sound – E! News
За својот настап, Џенифер избрала блескав црно-бел костим во стил на смокинг, кој дополнително ги нагласил нејзините нозе во мрежести чорапи – совршена комбинација од елеганција и енергија.
Овој настап е дел од нејзината нова концертна серија што се одржува од 6 до 28 март. Извори блиски до пејачката откриваат дека Лопез се подготвувала речиси без престан, вежбајќи и по 13 часа на ден во студио во Северен Холивуд со своите танчари.
– Џенифер вежба дење и ноќе за да го направи шоуто спектакуларно – подобро од кога било. Таа секогаш вели дека сака да биде „подобра од вчера“ – тоа е нејзиното мото – открил извор за „Дејли мејл“.
Една од причините за нејзината посветеност е и конкуренцијата во Лас Вегас.
– Денес сите одат во „Сфера“, што е главната атракција на градот, а Џенифер сака да покаже дека и традиционалниот концерт во „Колосеум“ може да биде полн погодок – додал изворот.
Лопез сака да им покаже на обожавателите дека иако има 56 години, таа и понатаму спаѓа во врвните изведувачки.
– Џенифер ја сака својата работа и никогаш не се жали. Тоа е нејзина страст. Додека другите уживаат на плажа на Хаваи, таа избира да работи нон-стоп. Горда е на успехот што го постигнала, и како уметник и како Латиноамериканка – рекол изворот.
На настапите се очекуваат и гости како изненадување, а Џенифер претходно ја сподели сцената со Џеј Рул на хитовите „I’m Real“ и „Ain’t It Funny“. Самата Лопез го нарече својот нов концерт „Есенцијално Џеј Ло шоу“.
– Ова е можност публиката да види која сум јас – не само како забавувачка и изведувачка, туку како уметница и личност. Ги изведувам сите мои хитови, но на свеж и возбудлив начин – рекла Џеј Ло, па додала:
„Јас сум во мојата среќна ера и тоа се чувствува во шоуто. Никогаш не сум гледала на ова како на работа – ова е она што сакам да го правам.“