(Фото) Дикаприо првпат придружуван од 24 години помладата девојка на Оскарите: Топмоделот Виторија блесна во бордо фустан

од Весна Трајкова
120 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо (51) оваа година на доделувањето на Оскарите пристигна со специјална придружба – неговата гламурозна девојка, италијанската манекенка Виторија Черети (27), со што привлече дополнително внимание на црвениот тепих на најважната филмска вечер.

Ова е прв пат Дикаприо да се појави со 24 години помладата Черети на престижна церемонија, а многумина токму тој момент го протолкуваа како знак дека нивната врска станала сериозна. Иако не позираа заедно за фотографите на црвениот тепих, Черети седеше до актерот во публиката и привлече внимание во впечатлив бордо фустан, со елегантно собрана коса.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MusicCreedLive® (@musiccreedlive_)

Италијанскиот топмодел Виторија првпат беше поврзана со Дикаприо во летото 2023 година, а оттогаш нивната врска се развива подалеку од очите на јавноста, но е сè постабилна. Нивното заедничко појавување на Оскарите само ги поттикна шпекулациите дека актерот пронашол личност со која сака посериозна врска.

Дикаприо претходно нагласи дека се обидува да ја зачува својата приватност појавувајќи се во јавноста само кога е потребно.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Интересно е што Дикаприо ретко ги носи своите партнерки на оваа церемонија. Последен пат тоа се случи во 2020 година, кога дојде на доделувањето на наградите со моделот Камила Мороне, додека претходно, на Оскарите во 2005 година, беше придружуван од супермоделот Жизел Бундшен.

Церемонијата на доделувањето на Оскарите се одржа синоќа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Леонардо Дикаприо беше номиниран за наградата за најдобар актер за филмот „Една битка по друга“. Иако Дикаприо беше номиниран за Оскар за најдобар актер за неговата улога во „Една битка по друга“, тој на крајот не ја освои наградата, беше поразен од Мајкл Б. Џордан за „Грешници“.

„Една битка по друга“ беше најголемиот победник на вечерта, освојувајќи шест Оскари, вклучувајќи ги за најдобар филм, најдобар режисер (Пол Томас Андерсон), најдобар спореден глумец (Шон Пен), најдобро адаптирано сценарио (Пол Томас Андерсон), најдобра монтажа и најдобар кастинг.

Слични содржини