Дмитриев: ЕУ е последна на ред за руските енергенси

Дмитриев во неделата изјави дека знае според кое сценарио ќе се развива енергетската криза во ЕУ и Обединетото Кралство

од Кристијан Димков
23 прегледи Фото: Притнскрин/Јутјуб/AP

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека ЕУ е на крајот од редот за руските енергенси.

„ЕУ е на крајот од редот“, напиша Дмитриев на платформата „X“.

Дмитриев во неделата изјави дека знае според кое сценарио ќе се развива енергетската криза во ЕУ и Обединетото Кралство.

Со тоа одговори на коментар на корисник на социјалната мрежа „X“, кој напишал дека изгледа како рускиот функционер веќе да има сценарио за настаните што моментално се одвиваат, објавија РИА Новости.

„Имам. Традиционалните медиуми спречуваат многумина да ја видат вистинската слика, промовирајќи лажни наративи кои им го замаглуваат размислувањето. Многу погрешни одлуки се носат врз основа на лажни наративи и неможноста да се исправат грешките“, напиша Дмитриев.

Дмитриев во саботата оцени дека ЕУ и Обединетото Кралство во наредните две до три недели ги очекува криза поврзана со горивото.