„Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!“ , се вели во сатиричното соопштение на СДСМ.
Според сатиричниот наратив, растот на цените на основните производи и горивата се прикажува како директно поврзан со раст на политичкиот рејтинг на Мицкоски и поврзаните партии.
„ Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%.
Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%.
Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%.“
Во соопштението додаваат и дека „Граѓаните сметаат дека сите цени се ниски“ и запрашани дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле „ДА, и тоа веднаш“!
додека за цените на горивата 95,5% од граѓаните велат дека треба уште да растат затоа што се најниски во регионот, дека граѓаните биле „120% задоволни“ од покачувањето на платите и дека 99.99% од граѓаните се изјасниле е премногу да се покачи минималната плата на 600 евра.
„На прашањето дали Христијан Мицкоски треба да купи авион – 97,7% рекле децидно „ДА“!
Дали му верувате на Христијан Мицкоски – 1000% велат граѓаните.
Силна поддршка од граѓаните има и за омилените на ВМРО-ОКГ:
-Харис Џиновиќ 92%
-Артан Груби 100%
-Катица Јанева, за три години – скок од 100%
-Боки 13 – 50%.
-Башановиќ-26%.“, велат иронично социјалдемократите.
Оттаму додаваат дека граѓаните се презадоволни од надворешната политика на државата, каде 1 милион проценти од граѓаните се изјасниле дека државата се движи кон ЕУ додека „над 500 проценти“ од граѓаните се изјасниле дека им се допаѓа почесниот конзул Адамовиќ.