Претседателот на Социјалдемократската партија во Хрватска (СПД) Синиша Хајдаш Дончиќ на заедничка конференција со претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Венко Филипче, изкажа силна поддршка за европската перспектива на Македонија и за партнерската партија СДСМ.
„Јас лично мислам дека тоа што ви го правеа и уште ви го прават и грците и бугарите е една европска срамота на вашиот европски пат. Тие работи треба да останат билетарални, нека ги решава Македонија со Грција и Македонија со Бугарија а не да постојат вета, не да постојат било какви забрани за македонскиот пат во Европа“, изјави Дончиќ.
Тој истакна дека интеграцијата на Македонија е важна за Хрватска бидејќи Македонија и Хрватска, историски, имале одлични економски, политички и културни односи.
„Вие морате да знаете дека ЕУ е само средство за остварување на вашите национални цели, а тоа е благосостојбата, тоа е целосна вработеност и удобен живот за сите жители на Македонија“, додаде Дончиќ.
Тој напомена дека патот кон Европската Унија е трнлив и дека можеби Унијата не е идеална, но, за мали народи како што се македонскиот и хрватскиот, во ова глобално опкружување, моментално не постои подобра асоцијација.