(Фото) „Кажав да на вечната љубов“: Поранешната пејачка Ева Нединковска романтично запросена во Будимпешта

од Весна Трајкова
98 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Поранешната македонска пејачка Ева Нединковска, која сека е успешна деловна жена, одлучи по вторпат да вплови во брачните води.

Ева го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Филип. Таа објави идилични фотографии од романтичното запросување, а на нејзината рака блеска прекрасен прстен. Запросувањето се случило во прекрасната Будимпешта.

Во описот на една од фотографиите, Ева напишала – Кажав „да“ на вечната љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Nedinkovska (@eva.nedinkovska)

„ДА за заеднички живот во љубов, почит, слога и радост, со Христос во центарот!“, напишала среќната Ева во описот на фотографиите.

Инаку, Ева од првиот брак ја има ќерката Ена.

Најголемиот хит на Ева е песната „Енигма“, а видеозаписот за нумерата беше рангиран како број 1 речиси на секоја музичка листа во Македонија.

Слични содржини