По кратко боледување на 37 години почина познатиот турски актер

од VIktor_P
2,7K прегледи

Турскиот актер Рамазан Тетик, кој беше особено популарен меѓу публиката во регионот, почина на 37-годишна возраст по кратко болничко лекување, потврдија неговите колеги и соработници.

Тетик бил хоспитализиран поради руптура на аортата, по што бил подложен на тешка и долготрајна операција која траела околу 13 часа. Непосредно пред неговата смрт бил упатен и апел за доброволно дарување крв.

Тој почина на 1 април.

Погребот се одржал вчера на гробиштата Ески Чекмекој.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и пораки на сочувство на социјалните мрежи, каде колеги и обожаватели се простуваат од актерот.