(Фото) „Убавина која не старее“: Елизабет Харли позира топлес на 60 години

од Весна Трајкова
237 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерката Елизабет Харли (60) повторно ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура, позирајќи во минијатурно бикини и без горен дел од костимот за капење за провокативната фотографија.

Елизабет позирала во минијатурно жолто бикини додека лежела на ливада. Актерката позирала топлес, вешто покривајќи ги градите со рацете.

Без грам шминка, актерката изгледала сосема природно додека се смеела на сонцето, покажувајќи ги своите совршено обликувани стомачни мускули.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

„Пролетта пристигна! Денес побарав малку витамин Д во прекрасниот Херефордшир. Сè додека ја штитите својата кожа, малку сонце е навистина добро за вас, како ментално, така и за убавината, затоа… намачкајте се со крем и ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР“, напишала покрај објавата Елизабет, опкружена со нарциси.

Обожавателите веднаш го преплавија делот за коментари за да го пофалат нејзиниот изглед.

Еден корисник напишал: „Најубавата жена на светот!!!“, додека друг додал: „Толку секси“. Комплиментите како „Прекрасна си“, „Уф, каква убавица“ се нижеле, а еден следбеник порачал: „Драга Елизабет, пролетта е прекрасна, но жените и цвеќињата се уште пораскошни“. Многумина се согласиле за едно – таа е „убавина која не старее“.

Пред една година, во април 2025 година, актерката ја официјализираше врската со кантри музичарот Били Реј Сајрус, со што ги изненадија сите.

Тие јавно ја потврдија својата романса на Велигден минатата година, објавувајќи заедничка фотографија од полињата на која изгледаа многу заљубени. Носејќи празнични зајачки уши, Били ја бакнал насмеаната Лиз. Оттогаш, тие повеќепати заедно се појавија во јавноста, а и синот на Елизабет беше виден и со нив.

Слични содржини