Дачиќ: Немам ништо против вонредни, но јас сум за редовни избори

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека нема ништо против распишување вонредни парламентарни избори и дека таа партија секогаш е подготвена, но смета дека сепак треба да се одржат во редовниот рок

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/ТВ Сител

„Јас сум за редовни избори. Мора да се знае кога се изборите – чести и добри избори би биле во некои други организации како што е црквата“, изјави Дачиќ по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Дачиќ изјави дека не е сигурен дали и оние што бараат вонредни избори се подготвени за нив, како и дали навистина сакаат тие да бидат брзо организирани.

Тој повтори дека одржувањето на изборите треба да биде што е можно поблиску до редовниот рок, како што е утврдено со Уставот и законите.

„Ние сме подготвени за тие избори, секако, како и секогаш, бидејќи Социјалистичката партија на Србија е неуништлива“, изјави Дачиќ, министер за внатрешни работи и потпретседател на Владата на Србија.

Што се однесува до надворешно-политичката сцена, Дачиќ рече дека е свесен за тежината на ситуацијата, но смета дека Србија има државно раководство кое води грижа за интересите на земјата и дека ќе продолжи со таквата политика.

Според него, изборите не би придонеле за решавање на проблемите што би произлегле од големата економска криза.

Дачиќ посочи дека целта на СПС е зајакнување на нејзиниот идентитет и присуство во јавноста, поради што, како што рече, денеска и се појавил, иако „лекарите не се баш за тоа“.

Тој истакна дека денешното обраќање е прво откако излегол од болница, каде што бил поради тешка пневмонија, додавајќи дека сега мора да има помалку активности и да оди на редовни контроли