(Видео) Познати актери паднале низ прозорецот директно на бетонот, итно однесени во болница

од Весна Трајкова
32 прегледи Фото: Принтскрин / Јутјуб

Актерот Џонатан Мејџорс и неговиот колега Џеј Си Килкојн доживеале сериозна несреќа на снимањето на нов акционен филм кога паднале низ прозорец директно на бетонот.

За време на снимањето на една од сцените, актерите паднале низ стаклениот прозорец од висина од речиси два метра, откако необезбедената плоча од калено стакло паднала од кадарот.

Додека Мејџорс поминал без посериозни повреди, Килкојн се здобил со исекотини на рацете кои морале да бидат санирани со конци. Иако актерот успешно се опоравува, овој инцидент е само врвот на ледениот брег од проблемите што ја придружуваат оваа продукција.

 

Безбедноста е под знак прашање

Несреќата се случила во време кога продукцијата веќе била под лупа поради очајните услови за работа. Извори од снимањето тврдат дека работниците претходно предупредиле за паѓањето на реквизити, присуството на црна мувла, па дури и за продолжувањето на снимањето на локации контаминирани со азбест. Поради овие пропусти, Меѓународниот синдикат на театарски и сценски вработени (ИАТСЕ) започнал штрајк на 26 март.

Скандалозна реакција на продуцентот

Наместо да ги смири тензиите, продуцентот Далас Соња одговорил со брутални навреди на сметка на синдикатот. Тој рекол дека „не преговара со комунисти“, обвинувајќи ги работниците за саботирање на индустрија која веќе е во криза.

Особено остра била неговата забелешка дека „падот на актерите бил пократок од неуспешните филмски кариери на синдикалните претставници“.

И покрај заминувањата на дел од екипата и протестите, снимањето на филмот, кој се создава во соработка помеѓу компаниите „Бонфајр леџенд“ и „Дејли вајр“, е продолжено со барањето замени за незадоволните работници. За Мејџорс, ова е еден од првите големи проекти со кои се обидува да се врати на врвот на светската кинематографија по неодамнешните правни скандали