Јужна Африка е земја која ја нуди како егзотиката на Африка, така и од удобноста на Западот. Затоа не е чудно што во најголемиот град во државата има куќи кои се стилски, модерни и го носат духот на новото време.

Фото: Barend Roberts и David Ross

Фото: Barend Roberts и David Ross

Токму таков е имотот во Јоханесбург, дело на проектантската фирма Nico van der Meulen Architects. Луксузниот семеен дом е завршен во 2014 година и се наоѓа во престижното предградие на градот. Куќата се карактеризира со луксуз, удобност и функционалност во минималистички дизајнерски дух.

Покрај тоа, таа нуди простор и многу светлина. Прозорците се големи, а понекогаш заменуваат цел ѕид. Надворешноста е решена во темно сива, додека во внатрешноста преовладуваат светлите бои. Минимализмот се чувствува во дизајнот на целата куќа, а мебелот е стилски и истовремено несекојдневен.

Влезете во нашата галерија и проверете една прекрасна и модерна куќа во Јоханесбург.