(ВИДЕО) Пол Вокер и Вин Дизел за последен пат заедно

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Поминаа две години и два месеци од трагичната смрт на актерот Пол Вокер, но неговите верни обожаватели многу наскоро ќе можат да го видат својот миленик за последен пат на големиот екран.effc87bbdd5dafd187cd5f0463fe5392

Новиот трејлер на филмот “Бесни 7”(познат претходно како “Брзи и бесни 7”) дебитираше за време на Super Bowl. Во едноминутниот клип се гледаат снимки со Пол Вокер и Вин Дизел – пријатели како на екранот, така и во животот.

Во новиот проект од серијата учествува и акциониот херој Џејсон Стејтам, како и вообичаените познати имиња – Мишел Родригез Џордан Брустер, Елза Патаки, Лудакрис и други.

Премиерата на “Бесни 7” ќе биде на 3-ти април, а дотогаш погледнете го новиот трејлер на филмот.