Заев: Сега се гледа кој неовластено прислушува – тоа е Груевски!

од desk3
114 прегледи

Кој тоа неовластено снима и прислушува во државата? Странски служби или лично Груевски? Сега се е јасно! Зарем навистина мисли Груевски дека ќе му ја кажам вистината кој тоа ми ги доставил доказите, изјави Зоран Заев за Плусинфо.

Реакцијата на лидерот на СДСМ доаѓа откако во централниот дневник на Сител вечерва во 19 часот беше објавено видео од една од средбите меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кое телевизијата тврди дека го добила од видео сервисот Јутјуб.

 

Извор: Плусинфо