536
Иновациите од последните години се причината денес да можеме да работиме со помоќни паметни телефони и таблети. Тим од научници на Универзитетот Студи ди Павиа работат над интерсна технологија која може да доведе до влез на многу побрзи компјутери на пазарот. Нивниот метод е базиран на мал емитер, кој може да „пумпа“ заплеткани фотони директно на површината на силиконскиот процесор, сподели Енгаџет.
Неговите димензии се едвај 20 микрони, што е стотици пати помала вредност од сите сегашни чипови кои ги користиме во уредите. Заплеткувањето на фотони е едно од најчудните својства во квантната физика, но има потенцијал да ги промени целосно можностите на десктоп компјутерите. Ако еден фотон е во состојба да изврши влијание на друг, независно од растојанието меѓу нив, тоа значително ќе ја зголеми брзината на работа на уредите.
Токму во тоа се состои новата технологија на научниците, кои успеваат да откријат како да извршат „спојување“ при толку мали димензии. Треба да се истакне и дека таа се уште се наоѓа во почетна фаза на развој и допрва ќе бидат подобрувани нејзините можности. Употребата на фотони во идните процесори исто така ќе им овозможи на компјутерите да вршат задачи со кои во моментов е невозможно да работиме.
