86
Современите автомобили се полни со секаква електроника, која ги прави удобни, интелигентни, посигурни и не на последно место – обезбедува забава за патниците. Од друга страна пак, „паметните“ автомобили се ранливи на хакерски напади.
Популарниот германски автоклуб АДАК откри ранливост во системот Конектед Драјв на БМВ, која им овозможува на хакерите да ги отворат вратите на автомобилот од далечина со помош на паметен телефон, без да остават траги. Сличен пропуст во безбедноста би можел да се користи за кражба на предмети од возилото.
Се тврди дека ранливоста влијае на 2,2 милиони автомобили од марката БМВ, продадени низ целиот свет, како и на некои модели Ролс-Ројс и хечбекот Мини, кои се опремени со истата електроника.
Проблемот се состои во тоа дека податоците пренесени помеѓу системот Конектед Драјв и серверите на БМВ, не се кодирани сигурно и можат да бидат пресретнати од хакери кои пак ги менуваат според своите цели. Така на пример, хакерите можат да добијат пристап до некои функции и да ги отклучат вратите само за неколку минути.
БМВ, од своја страна, реагира брзо и објави „закрпа“ за ранливоста. Ажурирањето на софтверот е распространето на 31 јануари до проблематичните автомобили и го обезбедува потребното кодирање.
