Британка не смее да се насмее 40 години, за да не добие брчки.
Тес Кристијан сега е 50-годишна. Кога решила повеќе да не се смее, имала одвај 10 години, но уште тогаш мислата дека еден ден нејзиното лице ќе се збрчка, ја ужаснувало.
Кога наполнила 40, Британката утврдила дека методот ѝ функционира, бидејќи изгледала доста помлада од врсниците. Според Тес не-насмевнувањето е поефикасно од ботоксот, уште повеќе што кога престанала да се смее, ботоксот не бил измислен.
Мажот до Тес, кој е навикнат на нон-стоп сериозниот нејзин израз, ја нарекува шеговито “Мона Лиза”. За да ѝ изрази поддршка сепак, тој исто така не се насмевнува. Двојката најчесто предизвикува зачуденост по забави поради камените изрази и на двајцата.
Психолозите ја сметаат насмевката за инзвонредно важна за менталното здравје на човекот, бидејќи движењето на мускулите на лицето кај насмевнувањето произведува ендорфин, наречен уште хормон на радоста.
