Во согласност со одлуката на судот во Скопје од затворот “Идризово”, беше ослободен архиереј на Српската православна црква, архиепископот охридски Јован (Вранишковски).

Прашањето на неговата позиција и здравствена состојба беше разговарана на средба на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и Неговата Светост Српскиот патријарх Иринеј во Белград на 15 Ноември, 2014 година.

На 20 декември 2014 година со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и Неговата Светост Српскиот патријарх Иринеј, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Иларион го посети Скопје и се сретна со Архиепископот Јован.

На истиот ден во Скопје Митрополит Иларион се сретна со државниот врв на Република Македонија – Претседателот Иванов и премиерот Н. Груевски. Митрополит Иларион се сретна со архиепископот Стефан, поглавар на Македонската православна црква, која моментно е надвор од заедницата со светот на Православието.

На 28 Јануари 2015 Архиепископот Јован во затворот “Идризово”, исто така, го посетија со благослов на руската и српската црква Владиката Иринеј Бачки придружуван од Архимандрит Филип (Василцев).

Се очекува дека во наредните денови, Архиепископот Јован, во согласност со добиената покана на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и благослов на Неговата Светост Српскиот патријарх Иринеј, ќе пристигне за лекување во Русија.
Руската и Српската православна црква, со благодарност кон Бога го поздравуваат ослободување на Архиепископот Јован.

 

Интегрален текст ос соопштение на РПЦ

Слични содржини