Тие ги подронуваат темелите на Европа

од desk3
99 прегледи

 

Ципрас и новата грчка влада го ставаат под прашање разбирањето внатре во ЕУ. Но ова разбирање трпи тешки удари и од други правци. Ситуацијата е драматична, коментира Кристоф Хаселбах.

SITE

Еден лев политичар во Атина во моментов мисли дека може да ја уценува Европа со финансиско-политички претензии. Еден десен националист во Будимпешта не крие радост од Путин. А еден конзервативен британски премиер постојано го проширува Ламанш, посебниот Островот од континентот. Три лица – Алексис Ципрас, Виктор Орбан и Дејвид Камерон – во моментов ги поткопуваат темелите на европското разбирање. До каде ќе стигнеме по овој пат – во моментов не е јасно. Јасно е дека, сепак, се разигрува вистинска драма.

Но ајде да видиме едноподруго што точно саботираат тројцата премиери. Во економската политика досега постоеше консензус дека ЕУ секогаш помага на задолжените држави, додека тие да стават ред во буџетот и да ги потхрануваат насочените реформи за повеќе конкурентност на својата економија. Оние држави кои досега ги прифатија предметните услови платија висока цена, мерењата се во раст на невработеноста и намалување на социјалните програми. Сепак тие доброволно патот го измина мачно. Никој не ги присили. Го изминаа, само зошто добро разбраа дека само така можат да излезат од мочуриштето и да си повратат дел од независноста. А нивните кредитори беа согласни да даваат пари само ако нивните услови се исполнети.

И волкот сит, и овците на број …

Оваа политика и овој консензус во Европа кои постојат не се од вчера. Против нив се кренаа штрајкови, се организираа демонстрации итн. И покрај сè, сепак тие преживеаја – едноставно затоа што во годините на тешката еврокризата немаше друг начин да биде запазен интегритетот на ЕУ. Алексис Ципрас очигледно верува дека може да се добие сето тоа заедно: ем Европа да го поддржи, ем Грција да не даде ништо.
Со ваквите ставови тој доброволно ја напушта територијата на внатрешно-европски консензус. Еврото веќе е доволно силно и може да се справи, ако Грција го напушти. Политички сепак тоа ќе биде вистинска катастрофа. Тоа ќе значи дека Европејците дозволике распаѓање на својот заеднички простор. Бидејќи различни имитатори во неколку земји веќе сметаат дека е можно да ги излажат своите гласачи со ветувања за полесен поход кон финансиските тешкотии. И ако една влада успее да се пазари за некакво исклучок, солидарноста за миг ќе испари.

На сериозна закана е подложен и друг внатрешно-европски консензус: политиката кон Русија. Европејците решија да воведат санкции, без оглед на фактот дека овие санкции веројатно нема да го отстапат Владимир Путин од империјалистичката политика и сериозно ќе им наштети на самите Европјани. Одлучија , бидејќи сметаат дека санкциите се важен знак,само за едно: Европа не прифаќа насилна промена на граници. Колку и да е чудно, и левиот Ципрас во Грција, и десниот Орбан во Унгарија сметаат дека кон Русија треба да се манифестира повеќе разбирање. Орбан (и тој не е сам во овие чувства) демонстрира сосема отворени симпатии кон политичкиот стил на Путин. И други европски политичари запаѓаат во радосна живост, кога набљудуваат како се однесува Путин кон опозицијата, кон медиумите, кон хомосексуалните и кон бегалците. Самиот Путин пак паѓа во радосно живост, како гледа како неговите дејствија се на пат да ја поделат Европа.

Британскиот референдум – сè повеќе реален

А што да кажеме за британското неверие? Тоа ја става под огромно прашање подготвеноста за компромис на другите Европејци. Точно е дека некои од аргументите на Лондон за преразпределување на надлежностите внатре во ЕУ и за либерална економска политика изгледаат оправдани, но Камерон и неговите сопартијци ги ставаат на масата толку провокативно и ултимативно дека останатите едноставно се принудени да ги отфрлат ако сакаат да го задржат достоинството. Позициите се стврднаа до немај каде.
Кристоф Хаселбах

Еден референдум на кој Британците би одлучиле да ја напуштат ЕУ, веќе не изгледа како нешто сосема невозможно. Само по себе тоа би било вистинска катастрофа. Но најлошо е дека во таков случај конечно ќе попуштат насипите во цела Европа. Други држави може брзо да го следат британскиот пример и да стават на маса свои услови за зачувување на интегритетот на ЕУ. Така ќе се сруши одолеете на меѓусебното разбирање.

Разбирањето не е вредност само по себе. Тоа постои во различни форми: принудно, конформистко, рамнодушно, фиктивно. Кога сепак Европејците се борат за вистинско разбирање и кога успеат да го подигнат се постигне заедничка цел – тогаш тоа е особено скапоцено. Ниту една посебна европска земја не може сама да ги брани своите интереси во големиот свет. Ова е можно само врз основа на соработката со останатите од ЕУ. Овој очигледен факт важи за големите држави како Германија и Велика Британија, но уште повеќе за помали како Грција и Унгарија. Потребна е сепак заедничка база. И секој кој ја става под прашање, едноставно е должен да наведе некој друг пат.