Владимир Путин ја обнови својата војна против Украина, а САД и Европа не знаат како да одговорат. Додека Европа очигледно одлучи дека не треба да се зајакнува економските санкции, некои луѓе во Вашингтон повикуваат на снабдување на смртоносно оружје за Украина, пишува во уводникот агенција “Блумберг”.

Но вооружувањето на Украина веројатно ќе има обратен ефект. Тоа го предизвикува ризикот да ја заблуди земјата, која сега се стреми да стане членка на НАТО, и таа да поверува дека САД ќе го направат потребното за да биде поразена Русија.
Тоа го предизвикува и ризикот да ја поттикне Русија да се прошири на скалата на војната, бидејќи Москва знае дека САД и нивните сојузници од НАТО нема да стигнат до крајот колку нивните интереси не се доволно силно погодени.
Не се корисни честите споредби со војната во Босна, каде што американската програма за вооружување и обука го сврте текот на војната и наметна мир. Србија беше ситна риба во споредба со Путиновата нуклеарна Русија.
Останува заклучокот дека САД и нивните сојузници не сакаат да војуваат со Русија заради Украина и дека Украина нема интерес од ескалација на војната, која речиси сигурно ќе биде изгубена. Нешто повеќе – во моментот кога САД испорачуваат оружје и обуката потребна за промена на бојното поле, Путин веќе ќе ја заземе територијата, која сака да ја задржи. Колку побрзо украинските лидери го разберат тоа, толку подобро.
Бидејќи решеноста на Европа да наметнува дополнителни санкции се намалува, природно е желбата да се најдат други средства за спречување на рускиот претседател. Сепак Украина е во ужасна ситуација. Несомнено затоа група од поранешни одговорни личности од безбедноста на САД повикаа на создавање на програма од три милијарди долари за снабдување на Украинците со американски беспилотни авиони, противтенковски оружја и друго одбранбена смртоносна опрема. Целта не е да бидат поразени Русите, велат поранешните вработени, туку да се воздржи Путин, како се зголеми цената на нападот.
Тие “жестоко” го отфрлаат стравот дека американското оружје во украински раце ќе го поттикне Путин да го прошири конфликтот – со образложение дека досега тој не му бил потребна провокација, за да ја напаѓа Украина. Но, бидејќи Путин дејствувал видливо агресивно до овој момент, тоа едвај значи дека воената интервенција на САД нема да го натера да направи нешто повеќе. Навистина е тешко да видиме како влегувањето на американска воена опрема и инструктори би направило нешто друго, освен да го поттикне Путин да се прошири конфликтот.
Украина веќе купи оружје од другите земји од регионот, но ако нешто не е во состојба да изгледа непријатно за руските луѓе, тоа е да се согласат со отворена војна против браќата Словени во Украина (засега тие не ја прифаќаат), тоа би била идејата дека ќе се борат не со Украинците, туку со НАТО – воениот сојуз, за кого од деца биле подучувани да веруваат дека цели кон нивно уништување.
Намерите на САД да се испорачаат само “одбрамбени” оружја можеби е карактеристична црта, важна во САД, но таа е без значење за Русија. Противтенковските оружја и дури радарите кои ќе им овозможат на украинските војници да локализираат и да поразуваат артилериски позиции на непријателот, сепак ќе убиваат руски војници. Обичните Руси ќе ги доживуваат како офанзивно оружје, дури без помош на пропагандната машина на Русија.
Тоа се големи ризици што можат да се избегнат. Ако целта на воената помош не е да биде поразена Русија и нејзините сепаратисти, туку да извршат притисок врз Путин, тогаш оружјето треба да бидат придружено од блага дипломатска постапка. Но во декември претседателот Петро Порошенко потпиша закон за прекин на неутралниот статус на Украина и за преземање на курс кон членство во НАТО. Така беше распуштен минималниот услов за дипломатија која ќе доведе до мир.
САД и нивните сојузници треба да и изјават јасно на Украина дека нејзините амбиции за НАТО се нереални. Правилно или погрешно, Алијансата не ја сака Украина за член, а Русија го гледа нејзиното евентуално членство како “црвена линија”. Додека ситуацијата е таква, САД треба да се држат подалеку од источна Украина.