Студентите денеска договорија начелна окупација на факултетите на одржаниот Генерален пленум, кој започна во 17 часот и 30 минути на Архитектонскиот факултет. Идните академски граѓани, за ваквата опција размислуваат веќе подолг период, но како што велат главниот договор секогаш мора да падне на еден од пленумите, каде што се собираат повеќето од нив.

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претходно му предложи на МОН во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов закон за високо образование, а МОН одговори дека предлогот е конструктивен и е во насока на унапредување на високото образование во земјата по што договорија средба за следниот вторник.
Ваквата спогодба според Пленумци е неприфатлива, бидејќи тие бараат отфрлување на ново изгласаниот Закон за високо образование.
Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот дневен ред имаа три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите или истовремена примена на двата предлога. Сепак, поголемиот дел од студентите начелно се договорија да се „окупираат“ универзитетите.