Немири во Јордан поради изгорениот пилот (ВИДЕО 18+)

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Во Јордан, во покраината, каде што е роден егзекутираниот од “Исламска држава” пилот Муаз ал-Касасбех – ал Каракаш избиле нереди, објави РИА Новости. Откако  на интернет беше објавен видео клип во кој се гледа како екстремистите го горат жив Ал-Касабех.Граѓаните на јорданската провинција ал-Каракаш излегоа на улиците протестирајќи против злосторствата на “Исламска држава”.

20150204.bvwgxxkhum

Демонстрантите запалиле зградата на жандармеријата во градот Еј. Во градот Ал-Мазар, запалени  се и неколку владини згради.Јорданскиот крал Абдула II го повика населението да се обедини во борбата против тероризмот, велејќи дека јорданскиот пилот загинал “бранејќи својата вера и татковина”. Владата на Јордан изјави дека “одговорот на Јорданците на егзекуцијата на пилотот Касабех ќе биде решителен, силен и непоколеблив “