На планините во западните делови ќе има врнежи од снег и снежната покривката ќе се зголеми, локално за над 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег, но со послаб интензитет. Ќе дува повремено засилен ветер од јужен правец. Максимална та температура во земјава ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопското подрачје времето ќе биде претежно облачно со умерен југоисточен ветер и со услови за слабо проврнување на дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:
66 Маврови Анови, 46 Крушево, 12 Пожаране 9 Претор, 7 Охрид,
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2): 4 Дебар, 2 Маврови Анови, Пожаране, 1 Крушево,Тетово, Претор, и во Лазарополе..
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Претежно облачно во зопадните делови има врнежи претежно од снег на некои пониски места од дожд и снег.Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-4 Берово, М. Анови и Крушево, -3 К. Паланка, -2 Битола, и во Лазарополе, -1 Скопје -Петровец, Струмица, Прилеп, Претор, 0 Скопје на Зајчев Рид, Кавадарци, Кавадарци, Виница, 1 Штип, 2 Куманово, Дојран, 3 Дебар, 0 Охрид и Куманово,Тетово, Д. Капија, 2 Куманово и 3 степени во Дојран.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Нов поинтензивен влажен бран со врнежи претежно од дожд на планините во западните делови од снег, се очекуваат во четврток во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне.
Потоа следува период на постудено време со повремени локални врнежи претежно од снег.