Официјално: Самсунг ќе го објави Галакси Ес6 на 1 март

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Веќе е официјално – настанот на Самсун, што ќе се одржи во рамките на Светскиот мобилен конгрес (МВЦ) во Барселона, е закажан за 1 март. Изворот е официјалната покана, пратена кон медиумите. Тоа значи дека корејскиот производител можеби ќе биде еден од ретките кои ќе претстават предводник на МВЦ 2015.
Според голем број на гласини, потсетуваат од Фоунарена, ЕлЏи и Сони ќе ги презентираат своите најмоќни модели во подоцнежна фаза.
Galaxy-S6
Самата покана алудира на она што можеме да очекуваме. Токму над зборовите „Што следува“ има малку искривена линија, која наликува на силуета. Можно ли е Галакси Ес6 да е сосема различен од низата протечени фотографии на кои не видовме особени промени во дизајнот?
Во моментов очекуваме Галакси Ес6 да е опремен со 5-инчен (или поголем) екран со резолуција 2560×1440 пиксели, процесор Ексинос 7420 (или Снапдрагон 810) и 3 ГБ РАМ меморија. На грбот не очекува 20МП камера со оптичка стабилизација, а на предниот панел – 5MП сензор. Можно е овој модел да не располага со заштита од вода и прашина, и тоа да е резервирано за Актив верзијата. Сите прашања ќе ги добијат своите одговори по помалку од месец – на 1 март 2015 година.