Грдата вистина: сите сме исто очајни кога се заљубуваме

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Да најдете одличен партнер со кого ќе се сакате, ќе си правите планови за иднината и ќе летате на крилјата на љубовта е одлично.239821ff55c3cdec1b917dfb816fc294

Додека дојде овој момент, сепак, мора да иззминете долг пат, кој често не е толку лесен што изгледа.

Секој знае дека заљубувањето може да биде придружено со непријатни чувства како анксиозност и несигурност.

Еве и кои се емотивно-мачните фази на вљубените, претставени од нивната смешна страна:

Прва фаза: Во вас се буди желба од прв поглед

Се погледнавте и тој веќе ве добил со својот секси шарм.

Втора фаза: Го проверувате целиот негов живот

Време е за “стандардна” проверка, вклучувајќи ги сите социјални мрежи. Вие не само што сакате да бидете сигурни дека тој не е сериски убиец, но и со колку точно жени има фотографии.

Третата фаза: Избезумени очекувате дали тој ќе ве покани на средба

Во моментов сте премногу зафатени со мислењето за работи од типот на “Кога ќе одлучи да ми пишува?”, наместо за други нешта како вашата работа, на пример.

Четврта фаза: Филмското сценарио да сте налетале на него сосема “случајно”

Ви се чини сосема нормално секојдневно да го посетуватенеговиот омилен локал  и да чекате удобен момент да го видите и да дејствувате.

Петта фаза: Ќе почнете да промислувате сè што правите кога сте околу него

Во главата ви минуваат какви ли не мисли и вие се грижите дека како и да застанете, што и да кажете, ќе изгледате премногу глупаво.

Шеста фаза: Ја замислувате вашата иднина заедно врз основа на неговото лице, тело, работа и дизајн на станот

Врз основа на овие премногу површни фактори веќе замислувате како би изгледале заедничките деца.

Седма фаза: Мислите дека ќе умрете кога ќе сфатите дека тој нема да направи потег

Сте биле на две средби со него и очигледно работите не се сериозни. Иако многу да ви се сака да се токму такви. Вртоглаво почнувате да размислувате кои се причините за неговата пасивност. Тензиите ве убиваат!

Осма фаза: Вметни го во секој можен разговор

Не е важно за што зборувате со другарките – секогаш наоѓате погоден момент во кој ќе почнете да разговарате за него.

Деветта фаза: поднапиените повици почнуваат

Сте излегле во петок навечер, слушате некоја романтична песна и едноставно не може да се воздржите, а да не му се јавите. И тоа го правите. Полесно е, бидејќи наместо вас, зборува виното.

Десетта фаза: Насмевката е перманентна

Без разлика дали ви пишува: “Како си?” или ќе ви се јави, вие не може да ја тргнете насмевката од лицето.

Единаесетта фаза: Се грижите дека тој може да не е толку заљубен во вас, како вие во него

И тоа може да ве убие.

Дванаеста фаза: Решавање дека веќе целосно сте го надминале овој маж

Тоа е сè. Готово. Веќе не мислите за него. Го заборавивте. Ова се вообичаените мантри кои си ги повторувате секоја минута, откако ќе се фатите дека повторно мислите за него.

Тринаесетта фаза: Сознанието дека сте “пијани од љубов” и нема враќање назад.