Руските војници кои се наоѓаат во источна Украина, и заземаат командни позиции и управуваат со современа техника, сепак и покрај тоа не може да се зборува за закана од упад со полн обем , изјави претставникот на САД во НАТО, Даглас Луг.
За време на брифингот во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алианска, Луг истакнал дека руските специјални служби се обидуваат да ги контролираат активностите на сепаратистите , но тоа не секогаш им успева, пишува “РБКDaily”.“Русите креирале своевидна паралелна командна структура, која гја надгледува командната структура на сепаратистите и се обидува да го контролира она што се случува на местото на настаните. Сепак тие само делумно успеваат во тоа. Ние не сметаме дека тие имаат целосна контрола над сепаратистичките групи, но претпоставуваме дека се обидуваат да ги контролираат “, изјави Луг, истакнувајќи дека сепаратистите имаат современа руска воена техника. По неговите зборови таква опрема не може да се управува од необучени луѓе , а за тоа се русите.
