Зошто услугата ЛупПеј ќе се покаже клучна за Галакси Ес6

од Vladimir Zorba
89 прегледи
Само неколку недели не делат од официјалната премиера на Самсунг Галакси Ес6, кој се очекува да биде претставен на 1 март. Уредот ќе ни понуди многу подобрувања во споредба со својот претходник, а на интернет веќе се појавија податоци и за неговата цена на европскиот пазар. Последните податоци на корејските медиуми откриваат дека тоа нема да биде единствениот производ кој Самсунг планира да ни го покаже на претстојниот Анпекд настан, пренесе ПокетНау.
Galaxy-S6
Благодарение на нив, разбираме дека Самсунг развиваат нов систем за мобилни плаќања, која ќе и овозможи на компанијата да се натпреварува успешно со Епл Пеј. Корејскиот гигант веќе има склучено партнерство со Виза и се очекува услугата да биде базирана на иновативнатa технологија ЛупПеј. Самсунг Галакси Ес6 ќе има напреден сензор за отпечатоци, кој корисниците можат да го користат за да купуваат на пост терминали со само еден допир на своите карти.
Новиот систем за мобилни плаќања на компанијата, исто така ќе биде оптимизиран за работа и со сегашните нејзини уреди на пазарот како Галакси Ноут 4 и Галаски Ес5. Сензорот за отпечатоци во новиот предводник на корејскиот гигант ќе овозможи активирање на приватен режим, функцијата Пеј вит ПејПал, како и да влегувате во своите профили.