ХТЦ го обвини Гугл за одложување на надградбата до Андроид 5.0

од Vladimir Zorba
89 прегледи
ХТЦ не го исполни ветувањето од минатата година. Тогаш компанијата сподели дека ќе и треба максимум 90 дена по премиерата на Андроид Лолипоп од Гугл, за да ги достави надоградбите за своите телефони. Во соопштението на производ потпретседателот на ХТЦ, Мо Верси, објавено на сајтот на компанијата, тој се извинува и објаснува каков бил проблемот. Според него имало проблеми со Гугл, кои исто така имаат влијание на процесот на сертификација на надоградбите од операторите.android-market-cyanogen-app-store-1
– Работевме напорно во лабораториите со Гугл и партнерските оператори, веднаш по пуштањето на кодот, пишува тој.
– Имавме добар напредок, но ако сте го следеле прогресот на оваа надградба, знаете дека Гугл мораше да реши неколку проблеми со нејзиното пуштање. Ние дадовме сé од себе за да ги објавиме подобрувањата на Гугл што е можно побрзо, но сепак некои верзии на ХТЦ Уан (M8) и ХТЦ Уан (M7) не беа надградени до 1 февруари, кога истече 90-дневниот рок, додава Верси.
Потпретседателот забележува дека Гугл Плеј Едишн и Девелопер Едишн на M8 веќе имаат Андроид 5.0, но тоа е само еден дел од уредите. Овој потег на компанијата е за пофалба, а и факт е дека Лолипоп се појави со повеќе софтверски проблеми отколку што некој очекуваше. Тоа не е вина на ХТЦ, иако не е и оправдување, но сигурно е легитимна причина за одложувањето на надоградбата не само за тајванската компанија.